in

Кучињата на Лејди Гага се вратени живи и здрави!

Два француски булдога на познатата пејачка Лејди Гага, кои беа украдени за време на прошетка во Холивуд, беа пронајдени живи и здрави.

Американската пејачка претходно понуди награда од 500.000 долари на лицето кое ќе ги најде, објави полицијата во Лос Анџелес.

Француските булдози Коџи и Густаво беа киднапирани од двајца мажи во средата. Еден од нив пукал во негувателот на кучиња на Лејди Гага, а потоа и двајцата побегнале со автомобил.

„Кучињата на Лејди Гага беа предадени на локалната полициска станица. „Тие беа пронајдени неповредени и предадени на претставниците на нивниот сопственик“, објави на Твитер полицијата на Лос Анџелес (ЛАПД).

Неименувана жена ги пронашла милениците на Лејди Гага, кои стапиле во контакт со соработниците на славната пејачка, а шефот на полицијата во Лос Анџелес изјави дека „не е веројатно дека учествувала во нападот или била поврзана со него“. Во тек е кривична истрага.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote