in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 3 НОЕМВРИ 2023

Времето денес:

 

Променливо облачно со засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Попладне под влијание на циклонска активност ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови. Во ноќните часови врнежите ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи.

Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, во делови од котлината пообилни.

Под влијание на циклонска активност денес во вечерните и ноќните часови и утре преку денот времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, на повеќе места обилни (над 30 л/м2), а локално поројни и проследени со грмежи. Во недела ќе дува засилен јужен ветер, а врнежи од дожд се очекуваат кон крајот на денот во западните делови.
Потоа, во почетокот на следната работна седмица ќе преовладува стабилно и посончево време, а температурите ќе се задржат релативно високи.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote