in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 13 МАЈ 2024

Времето денес:

 

Сончево со умерена облачност, попладне претежно во западните и југоисточните делови од земјата ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје сончево со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во овој период претежно во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со повремен пороен дожд и ретки грмежи. Понестабилно ќе биде утре и во четврток кога наместа ќе има изолирана појава на пообилен дожд и ретки грмежи. Најсвежо ќе биде во среда и четврток, а потоа температурата ќе се покачи.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote