in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 15 МАЈ 2024

Времето денес:

 

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни и поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Денес и утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град, краткотрајно во форма на невреме. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h). Во петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Од недела повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и појава на невреме.

 

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote