Времето денес:
Сончево, по одделни котлини со појава на магла и ниски дневни температури. Ќе биде претежно тивко, освен во југоисточните делови каде ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14 степени
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: сончево и тивко со слаба магла.
T= 8 °C, P= 990 hPa, U= 65 %, V= 1 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)
Утре ќе се задржи стабилно и тивко време со магла по котлините и пониски дневни температури. Во четврток ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северозападен ветер, а во петок и сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег.