in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 21 НОЕМВРИ 2023

Времето денес:

 

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, а попладне променливо облачно со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во југоисточните делови ќе има повремен дожд. Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој во попладневните и во вечерните часови вдолж Повардарието ќе засилува.

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот променливо облачно со слаб променлив ветер.

Во следните денови по одделни котлини ќе има појава на утринска магла или ниска облачност. Утре од средината на денот на запад ќе има повремени врнежи од дожд кои попладне ќе се прошират во поголемиот дел од земјата, а понекаде ќе продолжат и во ноќта кон четврток. Утринската температура утре малку ќе се покачи, а потоа ќе е за два до три степени пониска. Нов бран на врнежи се очекува од крајот на работната недела.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote