Времето денес:
Облачно со повремени врнежи од дожд, кои попладне и во вечерните часови наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). На повисоките планини во северозападните делови попладне врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
T= 15 °C, P= 976 hPa, U= 60 %, V= 2 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)
Под влијание на циклонска активност денес времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои попладне и во вечерните часови наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). Утре претпладне во источните делови ќе има слаб локален дожд и преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно, сончево и топло.