in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 25 ЈАНУАРИ 2024

Времето денес:

 

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините краткотрајно и локално ќе провејува снег.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и во делови од регионот со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Следува период на променливо време со сончеви периоди и со умерен, долж Повардарието и во источните делови со повремено засилен ветер од северен правец. Повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за појава на слаб локален дожд, а на планините од претежно слаб снег. Од петок и за време на викендот дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote