in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 31 МАЈ

Времето денес:

 

Променливо облачно со повремен дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.

Во Скопје променливо облачно повремено нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Во следните денови во претпладневните часови ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote