in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 7 ЈУЛИ 2023

Времето денес:

 

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. UV=8

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.

Стабилно, во деновите од викендот со засилен, долж Повардарието и во источните делови повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h) што ќе услови намалување на дневната температура. Од понеделник дневните температури ќе бидат во значителен пораст.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote