in

Временска прогноза за 10 февруари

Времето денес:

Претпладне променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот во северозападните делови ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 16 степени.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см): 38 Попова Шапка.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м2):
11 Лазарополе, 7 Маврово, 6 Охрид, Пожаране, 4 Тетово, Претор, Крушево, 3 К.Паланка, 1 Скопје З.Рид, Битола, Прилеп, Куманово, Струмица, 1 Штип.

времепрогноза°Cвлажност
00-06+3°80%
06-12+3°87%
12-18+15°62%
18-24+9°86%

Временска најава:

Под влијание на влажен бран утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 20 л/м2), а на планините на запад ќе врне снег. Поради продор на многу студена воздушна маса од север, утре попладне ќе почне да дува силен северен ветер, кој ќе се задржи и во наредните денови и ќе услови значително заладување. Во деновите од викендот ќе има локални врнежи од снег, а снежна покривка ќе се формира насекаде низ земјава, особено во западните и југозападните делови. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а и дневните ќе се задржат под нулата.

Актуелно предупредување:

Нема

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote