Времето денес:
Облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег. Поради продор на студена воздушна маса, во текот на денот границата на снежните врнежи ќе се спушта, па околу пладне снег ќе врне и на повисоките места, а во вечерните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во западните и северните делови. Најобилни врнежи се очекуваат на западот (локално над 25 л), каде на планините снежната покривка ќе се зголеми, а до крајот на денот мала снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места. Претпладне ќе дува умерен јужен, а попладне засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието.

Временска најава:
Утре ќе настапи стабилизација на времето, но се уште ќе дува засилен северозападен ветер, особено претпладне и вдолж Повардарието, па преку денот ќе се задржи постудено. Потоа до недела ќе преовладува стабилно време со пораст на дневната температура.
Актуелно предупредување:
Денес времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Поради продор на студена воздушна маса, во текот на денот границата на снежните врнежи ќе се спушта, па околу пладне снег ќе врне и на повисоките места, а во вечерните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во западните и северните делови. Најобилни врнежи се очекуваат на западот (локално над 25 л/24ч), каде на планините снежната покривка ќе се зголеми, а до крајот на денот мала снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места. Попладне ќе почне да дува засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието, кој ќе се задржи до утре претпладне и ќе услови опаѓање на температурата.
Коментари
Loading…