in

Временска прогноза за 11 февруари

Времето денес:

Облачно со врнежи од дожд, на места поројни и пообилни (над 20 л/м2) проследени со силен ветер кој ќе достигнува брзина и над 70 км/час. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег, а попладне ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Претпладне ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северен и дополнително ќе засили. Во текот на ноќта особено вдолж Повардарието ќе дува силен северен ветер.

времепрогноза°Cвлажност
00-06+6°91%
06-12+6°91%
12-18+11°86%
18-24+2°68%

Временска најава:

Денеска времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, на места поројни и пообилни (над 20 л/м2), проследени со силен ветер (над 70 км/час). Попладне врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Поради продор на многу студена воздушна маса од север од попладне ќе почне да дува силен северен ветер, кој ќе се задржи и во наредните денови и ќе услови значително заладување. Во деновите од викендот ќе биде студено со врнежи од снег. На планините ќе се зголеми снежната покривка. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а и дневните на повеќе места ќе се задржат под нулата.

Актуелно предупредување:

Поради продор на многу студена воздушна маса од север денеска попладне ќе почне да дува засилен северен ветер, кој ќе се задржи и во следните денови и ќе услови значително заладување. Во деновите од викендот ќе биде многу студено со врнежи од снег. На планините ќе се зголеми снежната покривка. Утринските температури на места ќе се спуштат и до минус 12 степени, а и дневните на повеќе места ќе се задржат под нулата.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote