in

Временска прогноза за 12 февруари

Времето денес:

Сончево и студено, со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец, особено претпладне.

времепрогноза°Cвлажност
00-06-3°58%
06-12-3°57%
12-18+2°34%
18-24-3°41%

Временска најава:

Следува период на многу студено време со умерен до засилен ветер од северен правец. Во деновите од викендот ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми, повеќе во западните делови. Температурите ќе се задржат негативни, а особено ниски ќе бидат утринските во почетокот на наредната седмица.

Актуелно предупредување:

Под влијание на многу студена воздушна маса во следните денови ќе се задржи студено време со умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Во деновите од викендот ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Се очекува во југозападните делови на пониските места таа да изнесува над 20см. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица. Температурите ќе се задржат значително под просекот за овој период и во текот на целиот ден ќе бидат негативни. Утринските температури ќе се спуштаат до -10, а во почетокот на наредната седмица на места и под -15 степени.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote