in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 13 АВГУСТ

Времето денес:

 

Променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. УВ=7

До утре под влијание на циклонска активност времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Во текот на овој период на места ќе наврнат над 40 л/м2. Температурите ќе опаднат и ќе бидат под просекот за овој период од годината. Од понеделник ќе настапи постепено стабилизирање на времето со брз пораст на температурите.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote