Времето денес:
Променливо облачно, од пладневните часови од запад ќе се прошират врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд и ќе преминуваат во снег. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Преку ноќта врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен северозападен ветер кој долж Повардарието ќе засилува.
Временска најава:
Поради продор на студена воздушна маса од север следува период на се постудено време. Утре од попладнените часови повторно ќе има врнежи и тие ќе бидат скоро насекаде од снег. Врнежите ќе бидат позастапени во западните и особено југозападните делови каде ќе се пообилни и ќе се создаде снежна покривка и на пониските места. Во петок и за време на викендот ќе биде суво и се постудено и температурата во поголем дел од земјава преку ден ќе се задржи под нулата, или ќе биде околу нула. Во следниве денови ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен особено изразен во сабота и во недела.
Актуелно предупредување:
13.01.2021
Поради продор на студена воздушна маса од север следува период на се постудено време. Утре од попладнените часови повторно ќе има врнежи и тие ќе бидат скоро насекаде од снег. Врнежите ќе бидат позастапени во западните и особено југозападните делови каде ќе се пообилни и ќе се создаде снежна покривка и на пониските места. Во петок и за време на викендот ќе биде суво и се постудено. Во следниве денови ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен особено изразен во сабота и во недела.
Коментари
Loading…