in

Временска прогноза за 14 февруари

Времето денес:

Облачно и студено со врнежи од снег, особено претпладне. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат, а најдолго ќе се задржат на југот од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура насекаде ќе се задржи негативна, во интервал од -8 до -2 степена.
Во Скопје облачно и студено, претпладне и околу пладне со слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде околу -4 степени.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА ВО 7 ЧАСОТ (во см)
65 Попова Шапка, 38 Маврови Анови, 36 Крушево, 33 Битола, Дебар, 32 Пожаране, 25 Тополчани, 24 Штип, 23 Претор, 22 Охрид, Тетово, Прилеп, Гостивар, 20 Берово, 19 Д.Капија, 17 К.Паланка, 16 Ѓуриште, 11 Струмица, 9 Куманово, 7 Скопје Зајчев Рид.

времепрогноза°Cвлажност
00-06-9°74%
06-12-8°73%
12-18-4°61%
18-24-7°60%

Временска најава:

Од утре до среда времето ќе биде стабилно и многу студено. Утринските температури во најголем дел од земјава ќе бидат под -10, а на места и под -15 степени. Дневните температури генерално ќе се задржат под нулата. Во овие денови ќе има опасност од голомразица. Од четврток следува постепено затоплување.

Актуелно предупредување:

Под влијание на влажен и многу студен воздушен бран и денес ќе има врнежи од снег, особено претпладне и во јужните делови. Снежната покривка дополнително ќе се зголеми. До среда утринските температури во најголем дел од земјава ќе бидат под -10, а на места и под -15 степени. Дневните температури генерално ќе се задржат под нулата. Во овие денови ќе има опасност од голомразица. Од четврток следува постепено затоплување.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote