Времето денес:
Утрото ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со појава на слаба магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Во вечерните и ноќните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има повремен слаб снег, претежно во североисточните делови.
Временска најава:
Во следните денови ќе преовладува стабилно време, а температурите ќе бидат во пораст. Сепак утринските ќе се задржат негативни, а на места ќе се спуштаат и под -10 степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
Актуелно предупредување:
И денес утринските температури ќе бидат многу ниски, во делови од Пелагонија околу -20, а во останатите места од -16 до -7 степени. Потоа во следните денови ќе бидат повисоки, но сепак на места под -10 степени.
Коментари
Loading…