in

Временска прогноза за 17 јануари 2024

Времето денес:

Сончево со мала до умерена облачност и студено. Во текот на денот облачноста ќе се зголеми, особено во северните делови, каде во текот на ноќта ќе има услови на места да провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена, а до крајот на денот со значителна облачност. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде околу нулата.

Временска најава:

Следува период на стабилно и студено време со многу ниски утрински температури, а и дневните до петок во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Од утре до петок ќе биде претежно сончево, а од четврток облачноста ќе се зголеми и во западните делови ќе има услови за локални врнежи од дожд.

Актуелно предупредување:

До петок времето ќе биде  студено со  ниски утрински температури и дневни температури кои во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote