in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 18 НОЕМВРИ

Времето денес:

 

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, кој на места долж Повардарието и во југозападните делови ќе засилува.

Во Скопје променливо облачно, попладне и кон крајот денот со повремен дожд и со слаб до умерен јужен ветер.

 

Подрачјето на нашата земја за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе биде под влијание на серија на влажни бранови. Времето ќе биде променливо облачно наместа со врнежи од дожд со променлив интензитет. Утре ќе биде релативно топло и ќе има сончеви периоди, а во недела и понеделник врнежи ќе има на повеќе места. Локално ќе биде нестабилно со пообилен дожд (над 40 л/м2) и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Од понеделник температурата ќе биде во опаѓање.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote