in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 19 СЕПТЕМВРИ

Времето денес:

 

Во утринските часови променливо облачно со локален слаб дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен, а вдолж пошироко Повардарие повремено силен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени. УВ=5

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: претпладне променливо облачно, во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер.
T= 20 °C, P= 979 hPa, U= 48 %, V= 6 m/s.

Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м2): 28 Лазарополе, 23 Гевгелија, 20 Охрид, 19 Струмица, Тополчани, Претор, Берово, Крушево, 17 Пожар, 15 Прилеп, Д.Капија, 14 Битола, Виница, 13 Кр.Паланка, Маврово, 12 Штип, 10 Пожаране, 9 Скопје – Петровец, Ѓуриште, Попова Шапка, 7 Скопје – За.Рид, 3 Тетово

 

 

Во текот на работната седмица ќе биде стабилно со студени утра и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој дел од годината. Утре ќе дува повремено засилен јужен, во западните делови западен ветер кој ќе засилува, а потоа до четврток ветерот повремено преку денот ќе засилува и ќе е северен. Во среда ќе има зголемена облачност и услови за појава на краткотраен дожд.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote