in

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 2 АПРИЛ

ВРЕМЕТО ДЕНЕС:

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

времепрогноза°Cвлажност
00-06+7°67%
06-12+8°76%
12-18+20°50%
18-24+15°68%

ВРЕМЕНСКА НАЈАВА:

Во деновите од викендот ќе има промена на времето и ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, локално и над 20л/м2, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на планините и на некои повисоки места претежно во северните делови, ќе има врнежи од снег, а дневните температури особено на северот позначително ќе опаднат.

АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

Денес од пладневните часови ќе се зголеми облачноста и ќе има повремен умерен до краткотраен пороен дожд. Во Повардарието ќе има услови за појава на ретки грмежи.
За време на викендот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (локално над 20л/м2), проследени со појава на грмежи во сабота и засилен ветер. Во недела ќе преовладува облачно време проследено со умерен до силен северен ветер (над 60 км/час), а поради продор на постудена воздушна маса, на планините и на некои повисоки места претежно во северните делови врнежите ќе бидат од снег. Дневните температури особено во северните делови позначително ќе опаднат.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote