in

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 20 МАРТ

Времето денес:

Облачно со врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег. Поради продор на студен воздух во текот на денот врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на околните планини од Скопската Котлина врнежите ќе преминуваат во повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

времепрогноза°Cвлажност
00-06+1°72%
06-12+3°65%
12-18+6°93%
18-24+4°98%

Временска најава:

Под влијание на влажен бран од денеска до понеделник ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Поради заладување повремено врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места. Пообилни врнежи ќе има во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник (локално над 30 л/м2). На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова ќе има и во некои пониски места. Од понеделник до среда ќе дува повремено силен ветер од северен правец (локално и над 60 км/час). Преодно стабилизирање ќе има во вторник, а во среда се очекуваат нови локални врнежи со послаб интензитет.

Актуелно предупредување:

Под влијание на влажен бран, од денеска до понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на планините од снег. Поради продор на студен воздух повремено врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места. Пообилни врнежи ќе има во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник (локално над 30л/м2). На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова ќе има и во некои од пониските места. Од понеделник до среда ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 60 км/час.
Преодно стабилизирање на времето ќе има во вторник, а во среда се очекуваат нови локални врнежи со послаб интензитет.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote