Времето денес:
Претпладне умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намали насекаде и ќе преовладува сончево време. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.
Во Скопје претпладне со значителна ниска облачност, попладне сончево. Максималната температура ќе достигне 11 степени.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 7 часот (во см)
37 Попова Шапка, 14 Крушево, 12 Маврови Анови, 11 Битола, 6 Пожаране, 5 Ѓуриште, 3 Тополчани.
Временска најава:
Од утре времето ќе биде стабилно и претежно сончево. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, особено утре. Температурите ќе бидат во пораст и од вторник ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе услови топење на снежната покривка на планините.
Актуелно предупредување:
Нема
Коментари
Loading…