in

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 21 МАРТ

Времето денес:

Облачно и студено, на пониските места со мешани врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места само од снег. Во утринските и ноќните часови врнежите ќе бидат претежно од снег. До крајот на денот речиси насекаде ќе се формира снежна покривка, позначителна во западните делови. Воздушниот притисок ќе се намали за повеќе од 10 мерни единици. Ќе дува слаб до умерен ветер, во југоисточните делови од југоисточен, а во останатите од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје облачно и студено со повремени мешани врнежи од дожд и снег. Максималната температура ќе достигне 3 степени.

времепрогноза°Cвлажност
00-06+1°97%
06-12+1°98%
12-18+2°100%
18-24+2°100%

Временска најава:

Денес и утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови (локално над 30 л/м2). До утре кон крајот на денот на планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова од околу 15 см ќе има и речиси насекаде во западните и североисточните делови. Мала снежна покривка до околу 5 см ќе се формира и во Скопската Котлина.
Од утре до среда ќе дува повремено силен ветер од северен правец (локално и над 60 км/час).
Од вторник ќе преовладува променливо облачно и студено време со ниски утрински температури, а во вторник и во среда кон крајот на денот на места ќе има услови за провејување на снег.

Актуелно предупредување:

Денес и утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови (локално над 30 л/м2). До утре кон крајот на денот на планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова од околу 15 см ќе има и речиси насекаде во западните и североисточните делови. Мала снежна покривка до околу 5 см ќе се формира и во Скопската Котлина.
Од утре до среда ќе дува повремено силен ветер од северен правец (локално и над 60 км/час).

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote