in

Временска прогноза за 23 јануари

Времето денес:

Претежно облачно, од пладневните часови на запад, а потоа и во останатите делови од земјата ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. На планините на запад ќе врне снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, особено вдолж Повардарието.

времепрогноза°Cвлажност
00-06+3°100%
06-12+4°100%
12-18+11°83%
18-24+7°95%

Временска најава:

Денес и утре, претежно во попладневните часови, ќе има врнежи во поголем дел од земјава претежно со умерен интензитет и на места особено на запад ќе бидат пообилни (понекаде над 25л/24часа). На планините во западните делови ќе врне снег кој од вечерните часови ќе паѓа повремено и на повисоките места. За време на викендот ќе дува умерен до засилен јужен, а во понеделник западен ветер.
Поради продор на студена воздушна маса од ноќта кон вторник ќе настапи заладување со врнежи кои ќе преминат во снег и на повисоките места и на патиштата на запад ќе има појава на замрзнат дожд, а ќе започне да дува умерен до силен северен ветер. Во вторник ќе е ветровито и до крајот на денот врнежите ќе преминат во снег во поголемиот дел од земјата.

Актуелно предупредување:

До понеделник, претежно во попладневните часови, ќе има врнежи во поголем дел од земјава. Врнежите ќе бидат од дожд со умерен интензитет и на места особено во западните делови ќе бидат пообилни (во недела понекаде над 25л/24часа). На планините во западните делови ќе врне снег. Утре и особено во недела од вечерните часови во планинските западни делови повремен снег ќе има и на повисоките места. За време на викендот ќе дува умерен до засилен јужен, а во понеделник западен ветер поизразен во западните делови.
Поради продор на студена воздушна маса преку ноќта кон вторник ќе настапи заладување со врнежи кои особено на западот ќе преминат во снег и на повисоките места. Во западните делови на патиштата ќе има појава на замрзнат дожд и ќе започне да дува умерен до силен северен ветер. Во вторник ќе е ветровито и до крајот на денот врнежите ќе преминат во снег во поголемиот дел од земјата.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote