Времето денес:
Сончево и топло. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Временска најава:
Продолжува периодот на стабилно, сончево и топло време. Денес ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Во деновите од викендот во утринските и претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност. Утринските температури на места ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат над просекот за овој период од годината. Топлото време ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините.
Актуелно предупредување:
Нема
Коментари
Loading…