in

Временска прогноза за 24 јануари

Времето денес:

Претпладне прoменливо облачно, попладне почнувајќи од запад со врнежи од дожд, на планините од снег. Во вечерните и ноќните часови врнежите ќе се прошират на секаде и ќе се интензивираат, особено во западните делови (над 25л/м2) каде на места ќе бидат поројни и проследени со повремено силен југозападен ветер. На планините снежната покривка значително ќе се зголеми, а поради ветерот ќе има услови за појава на снежни наноси.

времепрогноза°Cвлажност
00-06+4°100%
06-12+5°93%
12-18+11°69%
18-24+8°87%

Временска најава:

Утре во текот на денот ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со умерен до засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни во западните делови. Поради продор на студена воздушна маса врнежите ќе преминат во снег и на некои од повисоките места. Снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси. Во вторник и среда ќе преовладува студено време со засилен северозападен ветер и со повремени врнежи претежно од снег.

Актуелно предупредување:

Денес и утре во попладневните и вечерните часови ќе има врнежи од дожд. Во западните делови врнежите ќе бидат поинтензивни и пообилни (над 25л/м2 за 24 часа) проследени повремено со силен ветер. На планините, особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег, снежната покривка значително ќе се зголеми, а поради силниот ветер ќе има и појава на снежни наноси. Поради продор на студена воздушна маса од понеделник кон крајот на денот врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Во вторник и среда ќе преовладува студено време со засилен северен ветер и со повремени врнежи претежно од снег.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote