in

Временска прогноза за 26 јануари

Времето денес:

Облачно со повремени врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а попладне ќе преминат во снег и на повеќето пониски места, но главно ќе слабеат по интензитет. Попладне и кон крајот на денот ќе дува силен северен ветер, што ќе услови нагло опаѓање на температурата. На повисоките места ќе се формира снежна покривка, а на планините дополнително ќе се зголеми, но поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси. Во западните делови ќе се формира мала снежна покривка и на пониските места.
Температурата во текот на денот ќе се намалува, па мaксималните вредности на повеќето места ќе бидат оние измерени утрово, во интервал од 4 до 10 степени.
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд, кои попладне ќе преминат во снег, но ќе ослабат. Ќе дува силен северен ветер. Максималната температура ќе биде околу 5 степени, а преку денот ќе се намалува.

времепрогноза°Cвлажност
00-06+3°91%
06-12+3°91%
12-18+6°70%
18-24+2°56%

Временска најава:

Утре ќе дува силен северен ветер и на места се уште ќе провејува снег. Во четврток ќе настапи преодна стабилизација на времето, но ќе се задржи студено, особено во утринските часови. Во петок кон крајот на денот се очекуваат нови врнежи од дожд, а на планините од снег.

Актуелно предупредување:

Под влијание на продор на студена воздушна маса денес попладне врнежите ќе преминат во снег и на повеќето пониски места, но ќе слабеат по интензитет. Во западните делови мала снежна покривка ќе се формира и на пониските места. Попладне и кон крајот на денот, како и утре ќе дува силен северен ветер, што ќе услови нагло опаѓање на температурата.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote