Времето денес:
Променливо облачно и студено со умерен до засилен, а вдолж Повардарието силен ветер од северен правец. На места ќе провејува слаб снег. До крајот на денот облачноста во најголем дел од земјава ќе се намали.

Временска најава:
Утре ќе има преодна стабилизација на времето, но ќе се задржи студено, особено во утринските часови. Од петок следува период на променливо облачно и потопло време со нови врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.
Актуелно предупредување:
Под влијание на продор на студена воздушна маса денес попладне врнежите ќе преминат во снег и на повеќето пониски места, но ќе слабеат по интензитет. Во западните делови мала снежна покривка ќе се формира и на пониските места. Попладне и кон крајот на денот, како и утре ќе дува силен северен ветер, што ќе услови нагло опаѓање на температурата.
Коментари
Loading…