in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 29 СЕПТЕМВРИ

Времето денес:

 

Променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови и особено во посеверните делови ќе има појава на краткотраен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Од пладневните часови во делови од регионот ќе има услови за краткотарен пороен дожд и ретки грмежи.

 

До сабота ќе преовладува променливо облачно време со умерен, повремено засилен јужен ветер. Денес ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи, а во сабота ќе биде претежно облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд кои во западните делови ќе бидат пообилни. Од недела ќе започне да дува северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote