in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 3 АПРИЛ 2023

Времето денес:

 

Облачно, почнувајќи од јужните делови со врнежи од дожд, кои попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе бидат поројни и обилни (над 30 л/м2). На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите до крајот на денот ќе преминат во снег, а во текот на ноќта во овие подрачја се очекува и формирање на снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Во Скопје облачно, попладне и во текот на ноќта со пообилни врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Под влијание на циклонска активност денес ќе има врнежи од дожд, кои попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе бидат поројни и обилни (над 30 л/м2). На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите до крајот на денот ќе преминат во снег. Врнежи се уште ќе има и утре претпладне, а во западните делови во повисоките подрачја се очекува формирање на снежна покривка. Денес и утре ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значително намалување на дневната температура. Потоа ќе преовладува променливо и посвежо време, во среда се уште со услови претежно на планините да провејува слаб снег.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote