Времето денес:
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне претежно во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. УВ=8
До сабота ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневните температури. Во недела и понеделник во попладневните часови ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.