in

Временска прогноза за 03.01.2021

Времето денес:

Променливо облачно, од рано наутро со врнежи од дожд, на планините на запад со снег. Преку денот ќе има сончеви периоди, а кон крајот на денот повремен дожд ќе има на југоистокот и крајниот запад од земјата. Ќе дува умерен југоисточен ветер.

времепрогноза°Cвлажност
00-06+4°89%
06-12+3°94%
12-18+10°75%
18-24+7°88%

Временска најава:

Следува период на претежно променливо облачно и врнежливо време. Нови врнежи наместа пообилни ќе има од вечерните часови и утре преку денот кога ќе се пообилни во јужните делови, снег може да повремено да провејува понекаде на западот и на повисоките места, а на планините врнежите ќе се од снег. Во вторник услови за појава на дожд ќе има во крајните западни делови. Од среда повторно ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе биде и малку постудено па во тој период повремен снег ќе има понекаде и на повисоките места.

Следните три дена:

Прогноза за 05.01.2021

Минимална температура: 1°C до 4°C
Максимална температура: 6°C до 12°C Сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и особено во западните и југозападните делови ќе има појава на дожд, а на планините и на некои повисоки места на снег. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Прогноза за 06.01.2021

Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 7°C до 13°C Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Понекаде на повисоките места ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Прогноза за 07.01.2021

Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 7°C до 13°C Променливо облачно претежно во западните делови и на крајниот исток со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Понекаде на повисоките места краткотрајно ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Актуелно предупредување:

Нема

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote