in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 4 ФЕВРУАРИ

Времето денес:

 

Променливо облачно со повремени врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Попладне ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе се задржи и во текот на ноќта кога на повеќе места ќе биде силен (над 80 км/час, а на планините и над 90 км/час), а тоа ќе предизвика нагло и значително опаѓање на температурата кон утре.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со повремен слаб дожд кој во делови од котлината ќе преминува во снег, особено наутро и кон крајот на денот. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој во текот на ноќта дополнително ќе засилува.

 

Денес ќе има повремени врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Попладне ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе се задржи и во текот на ноќта кога на повеќе места ќе биде силен (над 80 км/час, а на планините и над 90 км/час), а тоа ќе предизвика нагло и значително опаѓање на температурата. Утре времето ќе биде променливо облачно и многу студено, на места ќе провејува снег и ќе дува силен северен ветер. Потоа во следните денови ќе се задржи стабилно, студено и ветровито време со минимални температури и под -10 степени, а на места и дневните ќе бидат под нула.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote