in

Временска прогноза за 04.01.2021

Времето денес:

Претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (до вечер локално над 35 л/м2) каде ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи и засилен ветер. На планините врнежите ќе бидат од снег, а во западните делови претпладне ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Снежната покривка на планините ќе се зголеми. До крајот на денот врнежите ќе престанат.

времепрогноза°Cвлажност
00-06+7°91%
06-12+6°88%
12-18+7°78%
18-24+6°87%

Временска најава:

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а повремено врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места претежно во западните делови. Врнежите на места ќе бидат пообилни, а на планините снежната покривка ќе се зголемува. Во вторник ќе настапи преодно стабилизирање на времето.

Прогноза за следните три дена:

Прогноза за 06.01.2021

Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 6°C до 13°C Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Прогноза за 07.01.2021

Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 6°C до 14°C Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Прогноза за 08.01.2021

Минимална температура: 1°C до 6°C
Максимална температура: 5°C до 11°C Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Актуелно предупредување:

Во текот на ноќва во поголем дел од земјава ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во источните делови (до утре вечер над 35 л/м2), а во југоисточните ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи и засилен ветер. На планините врнежите ќе бидат од снег и снежната покривка ќе се зголемува, а во западните делови утре претпладне повремено ќе преминуваат во снег и во повисоките населени места.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote