Времето денес:
Сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно југозападен ветер.

Временска најава:
Утре ќе има зголемување на облачноста и ќе почне да дува умерен до засилен јужен ветер, што ќе се задржи до среда. Кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Под влијание на влажен бран во понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со силен ветер (над 60 км/ч) и појава на грмежи. Врнежи од дожд ќе има и во вторник попладне.
Дневните температури до среда ќе бидат над просекот за овој период од годината.
Актуелно предупредување:
Нема
Коментари
Loading…