Времето денес:
Променливо облачно, од наутро во западните, а потоа и во северните делови ќе има повремен локален дожд, а на планините снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (понекаде со брзина од над 70 км/час). Ветерот ќе биде најизразен долж пошироко Повардарие и на повисоките места.

време | прогноза | °C | влажност |
---|---|---|---|
00-06 | +3° | 68% | |
06-12 | +5° | 78% | |
12-18 | +10° | 52% | |
18-24 | +5° | 55% |
Временска најава:
Денес ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а на планините со локален снег особено во западните и северните делови. Од претпладне ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и на повисоките места каде повремено ќе достигнува брзина над 70 км/час. Во недела ќе се задржи променливо облачно и постудено со услови за слаби локални врнежи на југозапад. Дневните температури ќе останат пониски во недела, а утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни. Во понеделник температурите малку ќе се покачат, а потоа следи посвежо време со нови врнежи.
Актуелно предупредување:
Поради продор на постудена воздушна маса од север денес ќе биде променливо облачно со засилен северен ветер, особено изразен долж пошироко Повардарие и на повисоките места, каде повремено ќе надминува 70 км/час. Во западните делови и потоа и северните ќе има повремен локален дожд, а на планините снег уште од претпладневните часови. Дневните температури значително ќе опаднат. Слаби локални врнежи од дожд ќе има и на југозапад во недела.
Коментари
Loading…