Времето денес:
Претпладне облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (и над 70 км/час). Поради изразеното јужно струење ќе има транспорт на пустинска прашина, што ќе предизвика на места дождот да биде обоен. Попладне во поголем дел од земјава врнежите ќе престанат.
Временска најава:
До четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, во вторник и четврток на места пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Од петок под влијание на продор на постудена воздушна маса ќе дува засилен северен ветер, а температурите значително ќе опаднат.
Актуелно предупредување:
Денес ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (и над 70 км/час). Доцна попладне врнежите на повеќето места ќе престанат
Коментари
Loading…