in

СлаткоСлатко

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА 9 АВГУСТ

Времето денес:

Претпладне сончево со мала облачност, попладне услови за нестабилност

Времето во вторникот во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на север на земјата ќе се формираат услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

УВ индексот ќе има вредност 8.

Утринската температура се движи од 12 до 21 степен, додека дневните максимални ќе бидат во интервалот од 26 до 38 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе претпладнето ќе има мала до умерена облачност, додека во попладневните часови ќе има изолирана појава на дожд и ветер. Утринската температура е 18 степени, а максималната дневна ќе биде 33 Целзиусови степени.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote