in

Временска прогноза за 9 февруари

Времето денес:

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Пообилни врнежи се очекуваат во крајните западни делови. Само на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, на места над 60 км/час.

времепрогноза°Cвлажност
00-06+4°86%
06-12+6°85%
12-18+13°82%
18-24+8°94%

Временска најава:

Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во четврток ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките планини од снег, особено во западните делови. Ќе дува засилен југозападен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северозападен. Значителна промена се очекува од петок, кога ќе продолжи да дува засилен северозападен ветер, а температурите значително ќе опаднат. Поради продор на многу студена и влажна воздушна маса, во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од снег. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а дневните на повеќе места ќе се задржат под нулата.

Актуелно предупредување:

Денес ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (и над 70 км/час). Во вечерните часови врнежите на повеќето места ќе престанат.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote