in ,

Што?Што?

Врската помеѓу мозокот и тестисите е поголема отколку што се сметаше порано!

Една нова студија покажа дека има многу сличности во структурата на машкиот мозок и тестисите.

Според тим португалски научници, предводени од биомедицинскиот научник Барбара Матос, во списанието „Royal Society Open Biology“, „мозокот и тестисите имаат најголем број на заеднички протеини во споредба со другите органи“.

И додека мозокот има многу сложена улога, тој го контролира нашето тело, ги прима и толкува сигналите на нашите сетилни органи и е единствениот што мисли и чувствува, човечките тестиси имаат само две функции, производство на сперма и хормони.

Претходните студии покажаа дека постои врска помеѓу сексуалната дисфункција и мозочните нарушувања, дури и помеѓу квалитетот на спермата и интелигенцијата. Иако само таа врска не значи многу, португалските научници најдоа објаснување зошто таа сè уште може да постои.

Тие споредиле протеини од 33 типови ткива, вклучувајќи ги срцето, цревата, матката, јајниците и плацентата и откриле дека мозокот и тестисите имаат 13.342 заеднички протеини. Ова е потврдено со студии за изразување на гени кои покажаа дека овие два далечни органи делат најголем број на гени во споредба со сите органи во телото.

Кога проучувале кои од вообичаените протеини се најизразени, Матос и нејзиниот тим откриле дека станува збор за протеини претежно вклучени во развојот на ткивата и комуникацијата на клетките. Ова има смисла ако размислите колку неочекувано двата органи се слични.

И на мозокот и на тестисите им е потребна енергија за да имаат „гориво“ за многу тешки процеси како размислување и производство на неколку милиони сперматозоиди на ден. Така, двата органи имаат специјализирани клетки за поддршка на невроните во мозокот и гаметите во тестисите кои треба добро да се „нахранат“, пишува Science Alert.

И покрај сосема друга цел, невроните функционираат слично како спермата на неколку начини. И двата типа на клетки имаат важна задача, процес наречен егзоцитоза.

„Ова е недоволно истражена област и треба да се разјасни врската помеѓу овие ткива, што би помогнало да се разберат дисфункциите што влијаат на мозокот и тестисите“, напишаа португалските научници.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote