in , ,

WTFWTF Што?Што?

БИЗАРНО! СЕ ОБИДЕЛ ДА ИСПРЖИ ЈАЈЦА НА ЛАВА!

Вулканот Фаградалсфјала на полуостровот Рејкјанес во југозападен Исланд, кој еруптираше на почетокот на овој месец по точно 781 години, привлече голем број посетители кои сакаат да се доближат до лавата.

Еден од службените лица рече дека еден посетител се обидел да испржи јајца на лава, но тавчето се стопило на топлина.

Многумина одеа кон вулканот на полуостровот Рејкјанес, во близина на главниот град на Исланд, пренесуваат агенциите.

Исландските службеници за цивилна заштита се забележани како предупредуваат десетици луѓе да се оддалечат од лавата за да се осигурат дека посетителите не се повредени. На изненадување на сите собрани, еден се обиде да пржи јајца на лава.

Планината Фаградалсфјала, каде се случи вулканската ерупција, се наоѓа на околу 30 километри југозападно од главниот град Рејкјавик.

https://www.youtube.com/embed/bRzDVmTCbAE

Претставниците за вонредни состојби претходно изјавија дека не се очекува евакуација на населението, бидејќи ерупцијата на вулканот се случи далеку од населбата. Повеќе од 50.000 земјотреси се регистрирани на полуостровот Рејкјанес помеѓу 24 февруари и 17 март.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote