in

Вајналдум сепак ќе потпише за ПСЖ!

Играчот на Ливерпул, Џиџи Вајналдум, е многу блиску до потпис со ПСЖ како слободен агент.

Вајналдум се одлучи да не го продолжи договорот со Ливерпул кој истече оваа сезона. Холанѓанинот беше веќе договорен со Барселона, но во последен момент доби подобра понуда од Французите и се предомисли.

Се шпекулира дека Маурисио Почетино бил голем фактор во потписот на Вајналдум. Вајналдум е дел од холандската репрезентација за Еуро 2020 и зад дресот на Ливерпул има 237 настапи.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote