in

WandaVision нема да добие втора сезона!

WandaVision беше една од најпопуларните серии оваа година, но нема да добие втора сезона.

Генијалниот и уникатен стил на серијата привлече многу нови фанови во франшизата на Марвел, па многумина се запрашаа дали WandaVision, којашто се емитува на платформата Disney+, ќе добие втора сезона.

Во една од емисиите на Variety, главната актерка на серијата Elizabeth Olsen конечно даде одговот околу иднината на WandaVision. „WandaVision дефинитивно беше лимитирана серија и нема да добие нова сезона. Со Марвел ништо не е 100% сигурно, но мислам дека тие завршија со овој проект“ изјави актерката.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote