in

Вотфорд ќе игра во најелтиното англиско натпреварување следната сезона!

Вотфорд повторно ќе игра Премиер Лига!

Фудбалерите на оваа екипа, по една година пауза, повторно се пласираа во Премиер Лигата откако на две кола пред крајот го обезбедија второто место во Чемпионшипот и имаат недостижни десет бодови од третопласираниот Брентфорд.

Тие ја победија екипата на Милвол со минимални 1:0 и со тоа го обезбедија пласманот во ПЛ. Единствениот стрелец на голот беше Исмаила Сар во 11тата минута од средбата. Заедно со Вотфорд, и Норич се враќа во ПЛ, а третиот, последнет тим кој што ќе добие шанса да настапи во најелитното англиско натпреварување, ќе го дознаеме после плеј-офот.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote