in

СмешноСмешно

СМЕШНО! Знакот „Добредојдовте во Перт“ во близина на аеродромот во Сиднеј ги збунува патниците!

Патниците кои пристигнуваат во Сиднеј со авион може да помислат дека не пристигнале во вистинскиот град, поради натписот „Добредојдовте во Перт“ на покривот на една од зградите на пристапот до аеродромот.

Бред Хесман, сопственикот на продавницата и магацинот на механичарот, над кој се наоѓа воздушниот коридор низ кој пристигнуваат авионите на аеродромот во Сиднеј, со големи букви напишал „Добредојдовте во Перт“ на покривот на неговиот магацин.

Тој за локалните медиуми изјави дека се одлучил на тој потег со цел да се пошегува малку со луѓето што пристигнуваат на аеродромот во Сиднеј, оддалечен околу 3.300 километри од Перт.

И тој успеа. Некои од патниците споделија и фотографии од авионот, кои беа раширени на социјалните мрежи.

„Авионите постојано прелетуваат и секогаш кога ќе ги видам се насмевнувам малку на себе“, вели Хесман.

Шегата не беше ефтина. Хесман вели дека потрошил околу 4.500 австралиски долари на боја.

„Тоа е специјална боја со кристали во неа што рефлектираат светлина дури и ноќе“, изјави тој.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote