in

Вернер конечно погоди и му донесе на Челси битна победа!

Во рамките на 33 коло од англиската Премиер Лига се сретнаа екипите на Вест Хем и Челси. Избраниците на Томас Тухел забележаа минимална победа против „Чекичарите“ и успеаја да направат голем исчекор кон обезбедувањето на место кое води во Лигата на Шампиони следната сезона.

И двете екипи пред натпреварот имаа по 55 бодови, а со оваа победа Челси има три повеќе од Вест Хем, додека Лестер се наоѓа на третата позиција со еден поен повеќе. Единствениот гол на средбата беше постигнат од Тимо Вернер, по одличната асистенција на Чилвел.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote