Челзи ја продолжи својата низа без пораз во рамките на Лигата на Шампионите откако успеаа да го совладаат тимот на Рен на Стемфорд Бриџ и останаа на врвот на својата група. Екипата на Френк Лампард, која го започна својот пат во ЛШ со натправарот без голови против Севиља и победа во гости против Краснодар, успеа да го победи и хендикепираниот Рен кој мораше да игра со црвен картон од првото полувреме.
Челзи играше без најскапото појачување од ова лето, Каи Хаверц, бидејќи Германскиот репрезентативец се тестираше позитивен за КОВИД-19 пред овој натпревар. Вернер беше стрелец на првите два погодоци од белата точка, а третиот и последен погодок на натпреварот го постигна Абрахам при асистенцијата на Рис Џејмс. Челзи покрај непоразената низа нема примено ниту еден гол во групната фаза во ЛШ досега.
Коментари
Loading…