in

Вест Бром немоќен против Лестер!

Екипата на Лестер, во рамките на 32 коло од англиската Премиер Лига, на Кинг Пауер стадионот ја дочека екипата на Вест Бромич Албион.

Избраниците на Брендан Роџерс уште во првото полувреме го решија натрпеварот со 3 брзи погодоци. Најпрвин започна Варди во 23тата минута преку одличната асистенција на Кастањ. Само 3 минути подоцна, дефанзивецот Еванс ја затресе мрежата на противниците и зголеми на 2:0.

Варди успеа да забележи и асистенција, а Келечи Ихеначо ја продолжи голгетерската форма и стрелаше за 3:0 со што го постави конечниот резултат на средбата. Со оваа победа, Лестер се врати на третата позиција.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote